Експлозија во продавница на Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на Фејсбук објави дека утрово околу 3 часот била „фрлена експлозивна направа" во продавница во скопската населба Ѓорче Петров, што неговото семејство ја работи со децении, при што е причинета материјална штета.

„Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017-та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи“, се наведува во објавата на Мисајловски на Фејсбук.

МВР потврди дека денеса во 3,40 часот било пријавено оти на улицата „Ѓорче Петров“ излегува чад од продавницата сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнала детонација.

„По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомневање дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе