Напад на новинари

Екипата на ТВ21 десетина минути поминала во темна просторија во општината Арачиново

Четири лица, еден од нив висок службеник на политичката партија, со вербални закани вчера се обидоа да ја избркаат екипата на ТВ21 од Арачиново. Скандалот се случи пред и во објектот на општина Арачиново, иако ниту еден од осомничените не работи во оваа институција. За ова, беше повикана и полицијата да интервенира и го истражува случајот.

Екипата на ТВ 21 беше спречена да ја врши својата должност, беше задржана во полиција 5 часа, а не се знае дали се земени на распит осомничените.

„Сите да ги избришеш, инаку ти ветувам дека сѐ ќе скршам! Нема да оставам ништо! Нека ме затворат, јас не познавам закони!“.

Вака ќе ве пречекаат во Арачиново кога се обидете да известувате за проблемите на граѓаните. Четири лица, ја спречија екипата на ТВ21, која сакаше да ја посети градоначалничката за да добие одговори околу проблемите на граѓаните! Но, четворица мажи, ја спречија екипата и сакаа на поинаков начин да ги решат работите.

Под закана дека „ќе ја скрши камерата“ и физички ќе го нападне новинарот, еден од напаѓачите, политички службеник, заедно со пријателите, ја присилија телевизиската екипа, без нивна согласност, да влезат во општинската зграда и да се договорат како да ги избришат изјавите на граѓаните, кои се жалеле за секојдневните проблеми.

Нашата екипа десетина минути беше затворена во темна просторија во една од просториите на општина Арачиново.

Еве дел од изјавите на жителите на Арачиново: „Не, не, немаме вода, ниту канализација. Мириса лошо и не може да се седи на двор или балкон. Каде е канализацијата, нека дојде да ни каже. Пола Арачиново нема вода. Тоа не е вистина. Треба да се работи, како да кажеме да кога нема ништо“.

„Пред да ги земат гласовите, даваат се. Потоа се слободни и не работат ништо. Нема ниту вода, ниту патишта, ниту ништо. Немаат работено ништо. Нешто почнале, но и тоа остана така.“

„Воопшто не е вистина, ништо воопшто. Немаме ниту улици, ниту канализација, а ниту пак водовод. Факт е дека одат и се фотографираат по палати, не знам каде, дека се купени цевките за вода и канализација, но ги нема никаде. Тоа е друга лага, фантазија за нашите Албанци“...

На крајот, за да бидат сигурни дека екипата на ТВ21 нема да шета низ Арачиново без нивна придружба, две лица, ги принудија новинарот и снимателот да се качат во нивниот автомобил и да ги превезат до градот.

Штом се вратија во телевизијата, екипата на ТВ21 повика полиција.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе