Екатимерини: Ривалството Софија-Скопје и НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со С. Македонија ризикува да создаде уште една пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две негови земји-членки - Грција и Турција - веќе се длабоко поделени и сега уште две се упатени кон судир, поради полемика стара два века на етничка основа, вели Ставрос Цимас за Екатимерини.

Фото: Роберт Атанасовски

И Бугарија и С. Македонија се клучни регионални членки на Алијансата. Бугарија поради нејзината улога како надзорник над Црно Море и јужна Русија, и С. Македонија како тампон против понатамошното руско ширење во срцето на Балканот. Двете многу силно го чувствуваат влијанието на американско-рускиот судир за влијание.

Меѓутоа, НАТО се чини дека е невознемирено од ривалството Софија-Скопје, сметајќи го тоа за европско прашање што треба да го решат земјите-членки на ЕУ. И покрај тоа што може да е точно така, приговорите на Бугарија за влез на С. Македонија во ЕУ не произлегуваат од критериумите за пристап, како што е потребата за зајакнување на демократијата и сузбивање на корупцијата; наместо тоа, тие се поттикнати од историски тврдења што предизвикуваат национализам од обете страни и во одреден момент наскоро го погодат и НАТО, освен ако не се решат овие разлики.

Антибугарската треска се зголемува во С. Македонија, со благослов од политичкото раководство и медиумите, а ставот на Скопје кон Софија станува поагресивен. Еден од знаците е тоа што Скопје го одби барањето на Софија да учествува во воздушната контрола на НАТО во С. Македонија и исто така го повлече интересот за бугарската нуклеарна централа Белене, наместо тоа одлучувајќи се да го поддржи проектот за природен гас во северното грчко пристаниште Александрополи.

Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори напролет, а голем е влогот на политичката класа во националистичките чувства, обидувајќи се да формира нова балканска агенда инспирирана од Отоманската Империја и големите аспирации од 19 век, обвинувајќи ги своите балкански браќа дека скршнале од вистинскиот пат.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе