ЕК најави 3,3 милијарди евра за Западен Балкан за справување со ковид-19 и широк инвестициски план

Европската Комисија (ЕК) официјално најави дека ќе ги поддржи земјите од Западниот Балкан со 3,3 милијарди евра за справување со здравствената криза, како и со социоекономските последици од неа.

„Имаме посебна одговорност да им помогнеме на нашите партнери на Западниот Балкан во оваа пандемија, затоа што нивната иднина јасно припаѓа во Европската Унија. ЕУ мобилизира значителен финансиски пакет, со што ја потврдува својата силна солидарност. Заедно ќе ја надминеме кризата и ќе закрепнеме“, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на неделникот состанок на еврокомесарите во Брисел.

Европската Комисија, како што јавува МИА од Брисел, најави и дека подоцна во текот на оваа година ќе биде лансиран широк економски и инвестициски план за целиот регион, кој ќе им биде презентиран на лидерите на земјите од регионот на шести мај кога ќе се одржи самитот ЕУ-Западен Балкан.

Овој економски и инвестициски план има за цел да го поддржи економското закрепнување на шесте земји од регионот по здравствената криза со коронавирусот.

За периодот 2021-2027, Европската Комисија предлага вкупниот износ на претпристапниот инструмент да изнесува 14,5 милијарди евра, од кој најголем дел ќе биде за земјите од Западниот Балкан и предлага значително зголемување на финансиските гаранции за поддршка на јавните и приватните инвестиции во регионот преку воведување посебен инструмент.

ЕК инсистира на тоа економското закрепнување на регионот да биде фокусирано на Зелената и дигитална транзиција, за да се рестартираат и модернизираат економиите на земјите од регионот.

„Европската Унија реагираше брзо сеопфатно за поддршка на Западниот Балкан во справувањето со пандемијата на ковид-19, со неспоредлива финансиска помош и пристап до бројни ЕУ иницијативи. И нашата работа ќе продолжи со Економскиот и инвестицискиот план за регионот за справување со социоекономските последици од кризата, модернизирање на економиите, поддршка за реформите и затворање на развојниот јаз, и со тоа да им се пружаат конкретни бенефити на луѓето побрзо“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Комисијата предупредува дека надминувањето на кризите низ кои поминува регионот во моментов може да стане реалност „само ако партнерите работат на исполнување на нивните реформски заложби“.

Владеењето на правото, фунцкионирањето на демократските институции и јавната администрација остануваа клучни столбови за развојот на регионот, нагласува ЕК.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе