Од Брисел

ЕК: Да продолжат истрагите за „бомбите” и да се најде решение за статусот на СЈО

По оставката на Катица Јанева, Европската Комисија порачува дека истрагите за илегалните прислушувања треба да продолжат.

„Европската Унија ја прима на знаење најавата на Катица Јанева дека има намера да поднесе оставка”, се вели во писмената реакција на Европската Комисија за МИА.

Оттаму додаваат дека е „важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работата за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство”.

„Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања”, стои во кусото соопштение од Европската Комисија.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе