Впечаток на албанскиот премиер

Ех да може Бујар Османи да биде во мојата влада, изјави Еди Рама

Би било добро доколку би можел Бујар Османи да биде во Владата на Република Албанија, изјави денеска албанскиот премиер на прес-конференција на која тој зборувал за учеството на Самитот на НАТО во Мадрид, каде бил во чест контакт со македонската делегација, со министерот Османи и со францускиот претседател Емануел Макрон. 

Фото: Рама, Османи и Макрон

„Бевме во постојан контакт, континуирано разменувавме мислења за динамиката на евро - процесот, а во центарот на процесот беше личност за која би бил многу среќен доколку имаме можност да го имаме на располагање во владата на Албанија. Бујар Османи! Тој е супер! Бујар беше личноста која го водеше процесот од страната на Северна Македонија.Јас само помогнав колку што можев“, изјави премиерот Рама.

Албанскиот премиер во изминатиот период даваше интересни изјави, дојде и во конфликт со бугарското МНР кое му забележа за „неговиот речник“ кога за Софија се прелеала чашата заради неговата досетка „Источна Македонија“.

Денеска Рама ѝ порача на Македонија дека бугарското однесување не било европско, но дека последниот предлог е добар и дека треба да се прифати.

Албанија и Македонија се во пакет за добивање на датум за преговори со ЕУ, а поради бугарското вето за Македонија со години е запрено и напредувањето на Албанија во евроинтегративниот процес.

Легенда под Главна слика

Фото: Рама, Османи и Макрон

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе