Пред денешната посета на Коѕијас

Ефимерида: Преговорите за името влегуваат во најкритична фаза, има план „Б“ за влез на Македонија во НАТО

Грчкиот весник „Ефимерида" пишува дека решението за името е сѐ подалеку, дека тоа почнува да им станува јасно на сите, и во Скопје, и во Атина и во Брисел, па затоа се подготвува план „Б" за членство на Македонија во НАТО.

Добро информирани дипломатски и политички извори, пишува „Ефимерида“, тврдат дека ЕУ и НАТО, а особено Алијансата подготвиле бајпас, доколку не се реши спорот за името, со кој Македонија би била примена во НАТО. Според весникот постојат две опции - специјален однос со Македонија или прием во НАТО под признатата референца поранешна југословенска Република Македонија, со фуснота дека кога новото име ќе се договори, земјава ќе биде ословувана со тоа име.

Денеска попладне во Скопје ќе пристигне шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Москва пред два дена упати директно предупредување за безбедноснте последици од евентуалното членство на Македонија во НАТО. На 30 март во Виена Коѕијас и неговиот македонски колега Никола Димитров ќе се сретнат со посредникот на ОН за името Метју Нимиц.

Во Грција преовладува оценката дека преговорите за името влегуваат во најкритична фаза и дека нема голем простор за оптимизам за конечната спогодба. Грција гледа надеж во долго очекуваните притисоци од Европската Унија и Ангела Меркел, но и од ОН, што веќе долго време ѝ биле ветени на Атина.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе