Брисел

ЕФА ја повикува Европската комисија да спроведе истрага за положбата на македонското малцинство во Грција и Бугарија

Македонското малцинство кое живее како домородно население во Грција и Бугарија и понатаму се соочува со дискриминација, па дури и со негација на нивното постоење од двете земји... Неактивноста на ЕУ ги охрабрува политиките на Бугарија и на Грција да го негираат постоењето на македонското малцинство на меѓународно ниво и да ја злоупотребуваат својата позиција како членки на ЕУ, се вели во Декларацијата на Европската слободна алијанса.

Оваа Декларација за положбата на македонското малцинство во Бугарија и Грција и за македонското членство во ЕУ е усвоена пред три дена на предлог на партиите на Македонците во овие две змји Виножито и ОМО Илинден - Пирин.

Европската слободна алијанса (ЕФА) е асоцијација на малцинските партии од целиот европски континент и е претставена во Европскиот парламент.

Еве што се вели во оваа Декларација:

„Десет години откако Бугарија стана членка на ЕУ, статусот на македонското малцинство не се подобри. Срамно е што во државата која сега претседава со ЕУ има дискриминација на малцинствата.

Европскиот суд за човекови права досега донесе многу пресуди против овие две земји, но без успех. Пресудите редовно се игнорираат и не се спроведуваат.

Неактивноста на ЕУ ја охрабрува политиката на Бугарија и на Грција да го негираат постоењето на македонското малцинство на меѓународно ниво. Неактивноста на ЕУ придонесува и за злоупотребата на позиција на Грција и Бугарија како земји членки на ЕУ за да го блокираат напредокот на земјата кандидат, барајќи од Република Македонија да се откаже од уставната заштита на македонските малцинства, па дури и ги негираат темелите на македонскиот национален идентитет како име, историја и јазик.

Евентуалниот успех на таквите политики на негирање на постоењето на македонската нација би ги трансформирала Македонците во нова држава без државјанство во Европа.

Заштитата на правата на малцинствата не е и не може да биде внатрешен проблем на земјите-членки на ЕУ и мора да биде предмет на заштита од страна на ЕУ.

Односите меѓу државите треба да се градат врз рамноправност, демократски основи и меѓусебно почитување.

ЕУ мора да преземе активна и принципиелна улога во правилното решавање на вековните конфликти, како и да обезбеди спроведување на владеењето на правото.

ЕФА ја осудува политиката на дискриминација на македонските малцинства и негирање на македонскиот идентитет во Бугарија и Грција, членки на ЕУ.

ЕФА ја осудува злоупотребата на статусот земја членка на ЕУ, Грција и Бугарија, во спроведувањето на недемократските постапки против припадниците на македонските малцинства на нивната земја и уценувањата на земјата кандидат.

ЕФА ја осудува незаинтересираноста на ЕУ за решавање на горенаведените проблеми.

Ги повикуваме Грција и Бугарија да ги променат своите политики во врска со овие прашања во согласност со високите демократски вредности на ЕУ, кои вклучуваат: крај на политиката на негирање на постоењето на македонското и на другите малцинства на нивната територија и да им се даде на овие малцинства целосно право според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.

Бугарија и Грција мора да ја потпишат Европската повелба за регионални или малцински јазици и да ги спроведат овие одредби за македонското и другите малцинства и да го поддржат македонскиот јазик и култура.

Ги повикуваме телата на ЕУ за поактивно ангажирање во решавањето на овие прашања: повторно отворање на прашањето за малцинствата во процесот на пост мониторинг на ЕУ на Бугарија и целосна имплементација на критериумите од Копенхаген.

ЕК да почне истрага за состојбата на македонското малцинство во Бугарија и Грција.

ЕФА повикува на поддршка за создавање на неопходно европско законодавство, институции и тела за заштита на малцинските права“.

 

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе