ПО РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА АЛБАНИЈА ВО СТРАЗБУР

ЕФА: Бугарија преку Албанија сака да си ја протурка агендата за непостоење на македонскиот народ

За време на денешната дискусија во Европскиот парламент за резолуцијата за Албанија, европратениците на Европската слободна алијанса (ЕФА) и на зелените партии имаа сериозни забелешки на членот 24 од резолуцијата, во кој се бара од албанските власти да ги штитат правата на бугарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора. Најде кој да се грижи за малцинствата, се вели во забелешката на овие европратеници.

Членот 24 во резолуцијата за Албанија беше усвоен по иницијатива на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски. Во овој член се вели дека албанските власти треба да се грижат за правата на бугарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора.

Против овој член гласаа европратениците на ЕФА и на зелените и тие во својата забелешка напишаа дека ЕФА сака да ги подвлече сомнителните, ако не и прикриени тактики на Бугарија и на нејзините пратеници што беа претставени во овој извештај.

„Имено, во членот 24 на албанските власти им се препорачува да обезбедат заштита на правата на лицата со бугарска народност во Преспа, Голо Брдо и Гора. Единственoто малцинство што во моментов живее во тие области е македонското малцинство, кое официјално е признато во Преспа, но не и во Голо Брдо, а Гора е дом и на муслиманската заедница Горани. Во секој случај, досега никој, ниту една меѓународна организација, група за човекови права на малцинствата, локална организација, не го покренал прашањето за правата на некое „бугарско малцинство“, едноставно затоа што такво малцинство постои само во главите на бугарските официјални претставници во Софија и, очигледно, исто така, во Европскиот парламент.

Она што сигурно постои, тоа е уште еден обид на Бугарија да ја протурка својата агенда на „непостоење“ на македонската нација и да ги крсти Македонците и другите словенски популации што живеат во Албанија како „Бугари“. Сите сме свесни за резултатите на Бугарија во заштитата на малцинствата, особено кога станува збор за македонското малцинство во Бугарија, за ромското и за турското малцинство. Многу е лицемерно Бугарија да подучува други земји во врска со тоа“, се вели во забелешката на европратениците на ЕФА.

Европската слободна алијанса (ЕФА) е асоцијација на малцинските партии од целиот европски континент и е претставена во Европскиот парламент.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе