Премиерот во изјавата што ја даде откако пристигнал во Прилеп на власта во Град Скопје, предводена од градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ им порача:
„Да земат да ја партиципираат власта затоа што од Скопје денеска едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници“.
Потоа Ковачевски рече:
„Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа фабрика за електрични автобуси, ветуваа брда и долини, а во моментов во Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има било какво поместување на било кој капитален проект кој што им го остави минатата власт, која што изгуби, им честиташе победа и предаде власт на ВМРО-ДПМНЕ .
Не може да биде изговор на ВМРО-ДПМНЕ дека тие се скарале со градоначалничката која што е нивни кандидат бидејќи тие одеа по Скопје да ја промовираат, не одев јас да ја промовирам по Скопје, и не може сега ние се скаравме, ама за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа.
Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините“.