По најавениот договор меѓу Грција и Македонија

„Едно име имаме“, извикуваат околу 1.500 демонстранти пред Собранието (ФОТО)

„Македонија, Македонија“, извикуваат околу 1.500 учесници на вечерашниов протест пред Собранието на Република Македонија.

 

Насобраните граѓани протестираат против најавениот договор за промена на уставното име на Македонија.

„Нашето име е нашиот идентитет“, „Лажете, сушите, на Грците им го пушите“, „Едно име имаме - Македонија“, „Македонија ја извисивте, на бесилка ќе висите“, „Предците наши во гроб се вртат, а политичарите на соседите им се тртат“, пишува на паролите што граѓаните ги истакнаа на протестот. Тие бараат и оставка од Владата и извикуваат „Бесилка, бесилка“ на секое споменување на името на премиерот Зоран Заев.

Од Христијанско братство на Заев му порачаа дека ќе биде суден од народниот суд, од овој народ. 
„Тој што ќе посака да има референдум, тој е против Македонија. Нема да дозволиме да има референдум”, порачуваат од Христијанско братство и му дадода поддршка на Иванов, извикувајќи го неговото име.

Не се знае кој е организатор, во текот на денот преку социјалните мрежи се испраќаа апели за учество.

Меѓу насобраните граѓани нема некој од поистакнатите политичари на опозицијата, пред Собранието има зголемени полициски сили.

Протестот е во тек.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе