ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците лани во јануари, за Божиќ, објавија декларација од седум точки во која „се согласуваат за заемна поддршка на заедничката политичка агенда која предвидува реализација на повеќе цели, во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат“. Еве ги барањата во документот и она што досега е остварено од барањата во таа декларација од коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ. Ако се оди според платформата, има уште да се доработува...