Една година од страшната автобуска несреќа во која загинаа 45 лица

Амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска положи цвеќе на местото на кое пред точно една година 45 македонски државјани загинаа во страшната автобуска несреќа на автопатот Струма. Амбасадорката беше придружувана од заменик-амбасадорот, Владимир Крстевски и други претставници на Амбасадата. Истрагата за несреќата на бугарското обвинителство не е затворена, во меѓувреме се испитува какво влијание имал самиот автопат со заштитната ограда и знаците на патот.

Во автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски државјани, кои се враќаа од Истанбул кон Скопје со автобус на „Беса транс", а седум беа повредени.

Бугарскиот адвокат на роднините на починатите патници го постави прашањето за квалитетот на автопатот Струма и стабилноста на заштитните огради.

Во Бугарија истрагата за несреќата не е завршена и во моментов се чекаат одговори од македонското главно обвинителство одговори поврзани со правна помош. Првично што е наведено како дел од исгтрагата е дека автобусот се движел со поголема брзина од дозволената, удрил во заштитната ограда, а потоа се запалил.

Бугарското обвинителство со вештаци го испитува и самиот автопат, заштитната ограда и ознаките на патот, што пак не мора да влијае на крајниот исход во однос на прашањето дали има или не вина кај возачот.

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе