„Градоначалникот на Студеничани, господинот Азем Садику, сега е дел од големото семејство на Алијансата на Албанците. Кон партијата се приклучија и локалните структури кои одбија да се справат со актуелната власт. Триумфираа десницата и чистите!“, пишува на фејсбук - објавата на Алијанса за Албанците која е илустрирана со фотографија на која се Садику, лидерот на Алијанса Зијадин Села и генералниот секретар и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари.
Со овој трансфер, Алијанса за Албанците ќе раководи со вкупно 4 општини.
Инаку, веста за преминувањето на Садику во редовите на партијата на Села беше објавено денеска, откако Државната изборна комисија ги одби приговорите поднесени од ДУИ за изборниот резултат во Студеничани, наведувајќи дека бројот на гласачите не се совпаѓа со бројот на гласачките ливчиња.
Садику оствари тесна победа над кандидатот од ДУИ со разлика од само 59 гласови.