Еден број демонстранти останаа пред Собранието, шатори поместени кон зградата

Додека траеше собраниската дебата за францускиот предлог, пред зградата на Собранието се одвиваше протест на демонстранти кои повикуваа пратениците да го отфрлат предлогот. Во моментите кога се гласаше кон зградата беше фрлана тоалетна хартија, Денеска протестот беше со помал број на учесници. Еден број шатори потоа се поместени кон зградата на Собранието.

Фото: Роберт Атанасовски

Околу 15 часот на улицата пред Собранието останаа неколку десетици граѓани, но таа улица и околните улици се блокирани од страна на полицијата за сообраќај.

Шаторите,  во кои престојуваа дење и ноќе дел од демонстрантите, се префрлени од Жена паркот пред самата зграда на Собранието, што можеби претставува најава дека и натаму ќе има изразување на револт и протест поради усвојувањето на францускиот предлог од страна на парламентот.

Дел од полициските сили стационирани пред и околу зградата на Собранието се повлечени, а еден број специјална полиција останува и натаму да го обезбедува законодавниот дом.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе