Досега се попишале 22.000 лица

ДЗС: Информациите за апликацијата за самопопишување во странство се лажни

Државниот завод за статистика (ДЗС) ги отфрли како лажни информациите во врска со апликацијата за самопопишување од странство и соопшти дека динамиката на попишување се одвива успешно. 

Според ДЗС, бројките покажуваат дека досега се попишани над 22.000 лица од дијаспората.

„Овој период во јавноста се лиферуваа низа шпекулации и дезинформации поврзани со најважната статистичка операција. Уште еднаш алармираме да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули во полето за матичен број. Ова не е возможно, ниту видовме каков било доказ или принтскрин за вакво нешто. Сакаме јавноста да знае дека апликацијата не прави никакви прилагодувања или обработка на податоците внесени од страна на попишувачите. Внесувањето на податоците и матичниот број е одговорност на секој поединец кој пред Законот е обврзан да внесува точни и проверени податоци“, пишува во соопштението од ДЗС.

Според Заводот, внесените податоци од друга ИП адреса преку ВПН врска на Апликацијата за самопопишување, не претставува дополнителен ризик за Апликацијата, туку одговорност за самиот попишувач.

„Ја потсетуваме јавноста дека Скеил Фокус ДООЕЛ Скопје, компанијата што ја изработи Апликацијата за самопопишување согласно Законот за попис, ја направи по светски стандарди и не може да биде одговорна за погрешно пополнети податоци од самопопишувањето. Ова е одговорност на самите граѓани кои ги внесуваат нивните податоци, а тоа и е утврдено со Законот“, наведуваат од Државниот завод за статистика и апелираат на одговорност.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе