Ревизорски Извештај

ДЗР со неповолно мислење за финансиското работење и законската усогласеност на Студентски дом Сениќ

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државниот студентски дом „Томе Стефановски – Сениќ" – Скопје на сметката на основен буџет и сметка на самофинансирачки активности, за 2019 година. „Со извршената ревизија за 2019 година изразивме неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2019 година", се вели во објавениот конечен ревизорски извештај.

Ревизорите утврдиле дека во деловните книги на Државниот студентски дом Сениќ со состојба на 31.12.2019 година на име градежни објекти и земјиште е искажана вредност од 110 милиони денари. Со извршената ревизија на основот на потврдување на наведената состојба, ревизијата констатира дека евиденцијата се однесува на градежни објекти во површина од 5.589 м2 и земјиште во површина од 16.907 м2 согласно „Одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Македонија во катастарот на недвижности“ бр. 44- 3643/1 од 05.06.2018 година.
 
Во наведената одлука целокупниот имот е запишан со право на сопственост на РСМ. И покрај тоа што во имотниот лист е ставена прибелешка дека право на користење на дел од имотот има ДСД, на ревизијата не и е презентиран акт од Владата со кој се дава право на времено односно на трајно користење на градежните објекти и земјиштето на ДСД.
 
Исто така на ревизијата не и се презентирани докази за утврдување на вредноста на градежните објекти и земјиштето евидентирани во деловните книги. Со извршената ревизија во сметководствената и дополнителната евиденција за начинот на евидентирање и наплата на побарувањата од студентите и учениците кои ги користат услугите на ДСД, ги констатирале следниве состојби:
 
- во текот на 2019 година во сметководствената евиденција не се евидентирани
побарувања по основ на сместување и исхрана во износ од 672 илјади денари,наплатени побарувања во износ од 572 илјади денари и ненаплатени побарувања во износ од 100 илјади денари;
 
- во сметководствената евиденција не се евидентирани ненаплатени побарувања во износ од 111 илјади денари настанати во периодот од 2016 до 2019 година. На ревизијата не и беа презентирани докази за преземени активности за наплата на истите.
 
Подготвувањето на храна во државниот студентски дом Сениќ се врши согласно
Правилник за нормативите за подготвување на храна за корисниците на услугите на ДСД и две различни неделни менија за исхрана кои наизменично се применуваат по истекот на секоја недела. Требувањата на храна од магацин се вршат на дневно ниво во зависност од студентите/учениците кои присуствуваат на оброците. За набавка на храна во текот на 2019 година реализирани се расходи во износ од 5.2 милиони денари (4.3 милиони денари од сметка 603 и 847 илјади денари од сметка 787). Со извршената ревизија на начинот на издавање на прехранбени продукти и подготовка на оброци ги констатирале следните состојби:
 
- не се врши вредносно задолжување и раздолжување на студентскиот
ресторан за вкупно приготвена и издадена храна и не е воспоставена
евиденција на залиха на неискористени прехранбени продукти во
ресторанот;
 
- не се изготвува документ за количините на храна која не е употребена
односно уништена;
 
- Државниот студентски дом (ДСД) има систем за евиденција на исхрана кој
функционира преку контролер на кој студентите/учениците се евидентираат
со електронска картичка со цел да добијат оброк на дневна основа. Во
годината предмет на ревизија системот не бил функционален иако во текот
на 2018 година била спроведена постапка за јавна набавка за негово
одржување;
 
- дел од артиклите издадени за исхрана на дневна основа не се предвидени со
нормативот за исхрана ниту пак со дневното мени, а дел од нив се требуваат
во количини поголеми од предвидените.
 
Во известувачкиот период, Државниот студентски дом Сениќ, извршил ангажирање на физички лица за извршување на работни задачи за потребите на ДСД. Бројот на ангажираните лица во текот на 2019 година е променлив и се движи од 4 до 7 лица, за кои се исплатени средства во бруто износ од 1.2 милиони денари.
 
Со извршената ревизија на презентираните документи ревизорите констатирале
дека:
 
- бројот на ангажирани лица го надминува законски утврдениот минимум како
можност за ангажирање без соодветна согласност од Министерството за финансииодносно повеќе од три лица во институциите во кои вкупниот број на вработени е помал од 300 лица;
Притоа на ревизијата не и беше презентирана согласност за ангажираните лица од надлежното министерство;
 
- две од лицата се ангажирани за извршување физичка работа за период подолг од 24 месеци;
 
- во месеците јануари и февруари 2019 година ангажирани се три лица за вршење сметководствени услуги иако во актот за систематизација е систематизирано само едно лице на позиција Раководител на одделение за финансиско сметководство и материјално работење. За наведените два месеци на име сметководствени услуги исплатени се 146 илјади денари;
 
- лицата се ангажирани преку агенција за авторски права, со која не е склучен
договор но за услугата истата наплаќа провизија.
 
Погоре утврдените состојби не се во согласност со член 8 од Законот за
трансформација во редовен работен однос и Законот за облигационите односи
и предизвикува можност од несоодветно користење на средствата.
 
Дополнително, ревизорите утврдиле дека во текот на 2019 година се извршени
плаќања по судски решенија на име главен долг, камата и трошоци за постапка
во вкупен износ од 1.9 милиони денари. Одлевањето на средствата за исплата на затезни камати и трошоци за вршење на постапката од двете сметки во износ од 1.2 милиони денари кои претставуваат дополнителен товар на буџетот на ДСД.
 
Причините за ваквите трошоци се во неажурно и ненавремено подмирување на достасаните обврски кон главните добавувачи и несоодветно користење на средствата.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе