Американскиот Форин Полиси

Џозеф: Ципрас и Заев заслужуваат Нобелова награда за мир

Премиерите на Македонија и Грција да се номинираат за Нобелова награда за мир поради договорот за името, предлага професорот Едвард Џозеф, во текст објавен во американскиот „Форин Полиси“.

Како што пишува Џозеф „договорот создава модел за справување со идентитетските судири кои водат до конфликт, не само на Балканот, туку глобално и дека носи зголемена доверба во Европската Унија и целосниот западен проект на Балканот“.

Професорот потсетува и на бурната историја на Македонија со соседите, кои иако декларативно ја признаваат, сепак на еден или друг начин, го негираат нејзиниот идентитет – јазикот од Бугарија, црквата од Србија и целокупниот идентитет од страна на Грција. Текстот потсетува и на тензиите со албанската етничка заедница во 2001 кои доведоа до промени во Уставот.

Во текстот Џозеф им објаснува на читателите како Грција повеќе од десет години ја блокирала Македонија во НАТО и ЕУ, зголемувајќи ги тензиите во земјата, поради што визијата на Алексис Ципрас е извонредна.

„За разлика од речиси сите негови претходници, Ципрас разбра каква е предноста да се ослободи Грција од непотребен товар во односите со ЕУ и НАТО, како и со својот сосед. Второ, Ципрас виде прилика во доаѓањето на власт на неговиот колега реформист во Скопје, Заев“, вели Џозеф.

Според него, договорот е удар за Москва и за, како што вели, анти естаблишмент популистите во Европа. Тој потенцира дека со влезот на Македонија во НАТО, границите на земјата се обезбедуваат, комплицирајќи ги аспирациите на оние кои имаат претензии кон Косово. Професорот верува дека договорот ќе има влијание и врз НАТО аспирациите на Босна, и би го ослабил руското влијание во Србија.

„За антагонистите низ светот заглавени во идентитетски спорови, договорот помеѓу Македонија и Грција, доколку ги преживее политичките предизвици, претставува модел“, оценува професорот Џозеф. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе