Џес Бејли си заминува, Трамп ја предложи Кејт Мари Брнс за нов американски амбасадор

Кејт Мари Брнс е предлогот на претседателот Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија, на местото на амбасадорот Џес Бејли. 

Номинацијата на Кејт Мари Брнс ќе треба да помине во американскиот Сенат. 

Белата куќа соопшти дека Брнс е дипломат од кариера и во Скопје би дошла од позицијата заменик-амбасадорка во американската амбасада во Атина, каде што беше од септември 2017 година. 

Претходно таа била заменик-шеф на мисијата на САД во ОБСЕ, а ги претставувала интересите на САД во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција. Одлично зборува повеќе јазици меѓу кои унгарски, шпански и турски.

Брнс ќе го замени Бејли, кој, како дипломат од кариера беше номиниран од тогашниот американски претседател Барак Обама во 2014 година. 

Бејли на Твитер веќе честиташе за номинацијата на Брнс за иден амбасадор во Македонија. 

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе