Британскиот секретар за надворешни работи

Џереми Хант: Чекор што ја доближува земјата до постабилна иднина

По усвојувањето на уставните измени во македонскиот Парламент британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант порача дека ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница.

„Обединетото Кралство силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа. Ова е историски момент за Македонија.

Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината“, се вели во пораката од Хант.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе