Провокација или говор на омраза

Џамбаски: Заев, кога е во Скопје, заборава дека Македонија е бугарска

Европратеникот и потпретседател на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, по посетата на македонската владина делегација на Софија, со провокативно видео го повторува ставот дека Македонија е бугарска.

Само пред еден ден бугарските власти критикуваа за постоење говор на омраза во македонската јавност, меѓу политичарите и медиумите, но никој не кажа ниту збор за говорот на омраза во бугарската јавност.

„Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран заев го заборава кога е во Скопје. И се потсетува само кога ќе побара нешто. Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата“, пишува Џамбаски на социјалните мрежи.

Во видеото кое е дел од предизборната кампања на ВМРО-БНД се вели дека Бугарија секогаш ја сакала Македонија, но не бивало Бугарија да биде изнудувана. Пораките што ги упатуваат се следни:

Пријателство се гради со доверба и доследност.

Вистината не може да се заобиколува.

Договорите, Заев, се двострани документи.

Вие одбивате да стоите зад вашиот потпис.

Бугарските патриоти ќе ја продолжат битката за својата вистина. Македонија е бугарска.

Под пораките се потпишани Бугарските патриоти – ВМРО, Волја и НФСБ

 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе