Џамбаски веднаш реагираше на твитот на Руската амбасада

„Нема сомневање каков бил Гоце Делчев по потекло и самосознавање. На рака пишувал писма во кои се нарекувал Бугарин. Тој бил бугарски офицер, бугарски кадет, бугарски учител, неговиот брат бил во бугарските одреди и загинал во бугарските битки. Не можете да ја менувате историјата“. Ова е реакцијата на Ангел Џамбаски, бугарскиот европарламентарец, на твитот на Руската амбасада во Македонија. Џамбаски е познат бугарски политичар по антимакедонските ставови, за него Македонија е бугарска, а Бугарија над сѐ.

Денеска, по повод 118 годишнината од смртта на Гоце Делчев, на официјалниот твитер профил Амбасадата на Руската Федерација напиша: „Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев. Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време“.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе