Џамбаски со нова провокација: Се распадна Југославија, време е да се урне и македонизмот

За последен пат, Цар Борис III обединител е симбол на ослободувањето и единството на Бугарите, напиша на својот фејсбук-профил бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, еден од најистурените играчи на Бугарија во негирањето на Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик.

Тој по повод случувањата околу отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид му одговори и на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи:

„Ова господине Османи не е провокација, туку факт. Годините на лаги и пропаганда на Коминтерната не можат да ја променат историјата. И тоа покажува дека бугарските чети биле пречекани како ослободители со цвеќиња и бугарски песни. Иван Михаилов, кој го мразат сите Македонци, вели: ‘Кога во 1941 година се отворија бугарските училишта во Македонија, никаде немаше бунт и не се бараа други училишта’.

Крајно време е политичарите крај Вардар да сфатат дека нивниот страв од колапс на лагата не ја оправдува омразата и репресијата кон Бугарите. Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот“, напиша Џамбаски.

 

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе