Утре и мандатар и спикер

Џафери закажа седница за избор на претседател на Собранието

Oткако денеска претседателот на државата Стево Пендаровски најави дека утре ќе му го додели мандатот за составување на нова влада на Зоран Заев, веднаш се јави и Талат Џафери и најави дека утре ќе свика продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието.

Џафери во улога на претседавач вели дека штом Пендаровски го доделува мандатот тоа значи дека веќе бил постигнат договор меѓу партиите и има собраниско мнозинство за избор на спикер на Собранието.

Седницата е закажана за во 15 часот. Претходно Пендаровски треба да му го додели мандатот на Заев.

Од партиите нема никаква информација за тоа дека е договорено собраниско мнозинство. Пред два дена се одржа средба меѓу Заев и Ахмети, лидерот на ДУИ. Но,и двајцата рекоа дека договор за владина коалиција нема, но и тоа дека разговорите ќе продолжат.

За утре е најавена и средба на партиите од албанскиот блок, иако е неизвесно дали лидерите на Алијанса за Албанците Зијадин Села и Алтернатива Африм Гаши ќе присуствуваат на истата. Тие рекоа дека се за средба на албанските партии, но таа да се одржи следната недела. Претставници за Беса веќе изјавија дека се против ваква средба.

Денеска во хотелот Белви кај Скопје лидерите на СДСМ Зоран Заев и Алтернатива Африм Гаши имаа средба.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе