По изјавата на Бачев

Џафери: Во Собранието секој пратеник одлучува сам и нема притисоци

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на „Единствена Македонија" Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.

„Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно. 75. седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница“, се наведува во соопштенито од собраниската прес-служба.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе