Џафери, како тшо соопшти собраниската прес-служба, ќе има средба со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.
Во Програмата за посетата е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.
Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија Фросина Ташевска – Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка, Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.