Три дена пред истекување на мандатот

Џафери: Седницата за разрешување на Јанева ќе биде закажана на време

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска најави дека ќе закаже седница за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат, кој истекува на 15 септември, во понеделник.

Според него, има доволно време за седницата да се закаже.

„Седницата ќе биде посебна за да не се оптерети редовната седница. Формално, седницата може да се закаже и денес и утре и во сабота. Истата ќе биде закажана навремено со оглед на она што политичките партии ме известија дека има писмена согласнот да се разреши Катица Јанева како специјален јавен обвинител“, изјави Џафери. 

Вчера мнозинството пратеници го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ точката за разрешување на Јанева да се стави на дневен ред.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе