Џафери: Техничка влада ќе се гласа на 3 јануари, Собранието ќе се распушти на 11 февруари

Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари, а веднаш потоа претседателот Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.

Џафери денеска на средба со новинарите рече дека според Уставот, изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од самораспуштањето на Собранието.

„До мене треба да стигне барање за распуштање на Собранието. Уставот кажува дека изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието. Ако барањето стигне по 11 февруари, го одложува датумот за одржување на изборите“, изјави Џафери.

Избрите, според него, ќе се одржат според досегашниот изборен модел.

Предлогот со имиња за техничка влада до Собранието треба да стаса кон крајот на декември, за да може Џафери на 3 јануари да ја закаже седницата за изгласување на новата влада.

Што се однесува до ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, Џафери рече дека по распуштањето нема можност за свикување на Собранието бидејќи завршува мандатот на пратениците. Собранието би можело да се состане евентуално ако има такво укажување од Уставен суд или во спротивно за ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе