За „Политика“

Џафери: Со законот за јазиците не се загрозува унитарниот карактер на Македонија

Со законот за употреба на јазиците не е загрозен унитарниот карактер на Република Македонија, вели претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери, во денешното интервју за српскиот весник „Политика“.

„Прашањето за регулирање на употребата на јазикот јасно е утврдено во амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. И покрај тоа што одредбата е јасна, сепак во одредени ситуации постои тенденција таа да се толкува зависно од интересите на одредени страни. За да се отстрани секоја можност за пристрасно толкување, се наметнува потребата за прецизно дефинирање на ова прашање. Предлог-законот за употреба на јазикот ја има токму таа улога. Точно е дека со новиот Предлог-закон се овозможува заседавање со собраниските седници на албански јазик. Меѓутоа, со тоа нема да се намали значењето на македонскиот јазик или другите јазици кои се зборуваат во Македонија, а уште помалку унитарниот карактер на нашата држава“, вели Џафери. 

Прашан што очекува од евентуалните разговори во Париз во рамки на процесот „Жан Моне“ што го иницира Европскиот парламент, Џафери одговара дека во фокусот на средбите во Париз ќе бидат две теми „Собранискиот деловник“ и „Етичкиот кодекс на пратениците“.

МИА

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе