Во Вашингтон

Џафери со конгресмени: САД ќе ни даваат поддршка со сите средства што им се на располагање

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, кој е во посета на САД заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во Вашингтон се сретна со конгресмените Роберт Питинџер, Роберт Адерхолд и Дејв Трот.

Конгресменот Питинџер, којшто е и домаќин на Парламентарно безбедносниот Форум, на почетокот на средбата рекол дека е почестен што претседателот Џафери ја прифати поканата за учество на овој значаен собир којшто е продолжение на форумот од јуни 2017 година во Рига.

„Џафери го информираше конгресменот Питинџер за законските измени со кои што се санкционира учеството на наши граѓани во странски воени формации. Соговорниците констатираа дека САД и Република Македонија се наоѓаат на иста страна во борбата против тероризмот во светот. Владеењето на правото, слободата на говорот и независноста на институциите се основен фундамент за градење на здраво демократско општество интегрирано во НАТО и ЕУ“, соопштија од кабинетот на Џафери.

За време на средбата, конгресменот Адерхолд, кој инаку е член на американската конгресна група пријатели на Македонија, се интересираше за општиот политички дискурс по трансферот на власта. Џафери детално му ја претставил севкупната ситуација и приоритетите на Македонија во однос на исполнувањето на неопходните реформски процеси. Тој исто така истакнал дека евроатланските вредности мора да се вградат во ткивото на општествениот живот во Република Македонија, бидејќи тоа е за доброто и благосостојбата на граѓаните.

Џафери се сретна и со копретседавачот со конгресната група пријатели на Македонија,  Дејв Трот, кој неодамна ја посети Република Македонија во рамките на неговата европска турнеја. Во однос на полноправното членство на Македонија во НАТО, конгресменот Трот  истакна дека конгресната група на пријатели на Македонија ќе продолжи да дава поддршка со сите средства и начини кои ги има на располагање.

 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе