Течат роковите за доверување на мандатот

Џафери сѐ уште не го известил Пендаровски дека се конституира Собранието

Кај нас досега не е пристигнато известувањето од претседавачот на конститутивната седница на Собранието Талат Џафери, велат за МКД.мк од кабинетот на претседателот на државата.

Од кабинетот ги разјаснуваат и дилемите за тоа од кога течат роковите за доделување на мандатот - од одржување на седницата или од денот на добивањето на официјалното известување за одржана конститутивна собраниска седница.

„Согласно уставните норми, рокот за доверување на мандатот на кандидатот на партијата, или партиите кои имаат мнозинство во Собранието течат од 5 август 2020 година“, велат од кабинетот на македонскиот претседател.

Во Уставот е предвидено претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата која ќе обезбеди мнозинство во Собранието. Тоа, во случајов, треба да се случи до 15 август.

А.Д.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе