По 10 дена поминати во болница

Џафери си замина од Инфективната клиника во Скопје

По три последователни негативни тестови за ковид-19 и 10 дена поминати на Инфективната клиника Талат Џафери се чувствува добро и утре ќе претседава со конститутивната седница на македонското Собрание. Како што информираа од неговиот Кабинет, тој утрово, ден пред закажаната седница ја напуштил болницата. 

„ Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре" - изјави Џафери.

На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.

Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема.

Гласањето на седницата ќе се одвива рачно, со картончиња, а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал" , велат од Собранието.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе