Пред гласањето за Законот за попис на населението

Џафери: Пржино, со врзаниот потпис и СЈО, нѝ се удри од глава

Врзаниот потпис е измислица на Пржино и уште тогаш укажував дека како резултат на Пржино ќе направиме излезно решение со формирање на Специјално обвинителство кое што ќе нѝ се крши од глава на сите нас и сфативме дека нѝ се крши од глава. Меѓутоа, се случи Пржино и сега тоа како пракса е воспоставено. Вака претседателот на Собранието Талат Џафери им одговори на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за забелешките во однос на Законот за потпис.

Пред чинот на гласањето во Собранието, во кое не учествуваше коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски рече дека пописот нема да биде објективен и фер, нема да биде релевантен и реален.

„Последниве денови се лицитира со проценти и признавање и односно непризнавање на резултатите од пописот, што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистика преминува во политичка операција. Затоа од име на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ констатираме дека ваквото предложено законско решение нема да биде објективно и фер. Пописот нема да биде релевантен и реален попис", рече Мицевски.

Ефектите од ваквото законско решение ќе се видат скоро, според Мицевски, а одговорноста ќе биде на владејачкото мнозинство затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не го гласа овој Закон.

Претседателот на Собранието Талат Џафери возврати дека во однос на врзаниот потпис, тој, како што рече, „е измислица од Пржино".

„Врзан потпис е производ и измислица на Пржино надвор од институциите и за што уште тогаш укажував дека како резултат на Пржино ќе направиме излезно решение со формирање на Специјално обвинителство кое што ќе нѝ се крши од глава на сите нас и сфативме дека нѝ се крши од глава. Тоа беше мојот став тогаш, сите знаете. Меѓутоа, се случи Пржино и сега тоа како пракса е поставено, рече Џафери.

Мицевски побара повторно процедурална забелешки да му одговори на Џафери дека врзаниот потпис бил воведен поради недоверба меѓу власта и опозоцијата, но претседателот на Собранието повика на гласање, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ доби право да зборува пред гласањето по Бадентер. Мицевски реагираше дека тоа не е Деловнички, и оти требало да зборува пред да започне гласањето.

„Зошто брзате, знаете само вие. Не го почитувате Деловникот, рече Мицевски.

Претходно координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи истакна дека Законот за попис ќе помине со гласовите на нивните пратеници, но жали што претседателите на партиите што ги обвинуваат нив како опозиција не се во салата да гласаат и тоа го покажува нивниот однос кон овој важен закон. Реџепи рече дека сепак, ова ќе биде политички процес и дека нивните амандмани со што би се отстранила недовербата во процесот не се прифатени. Според него, правата на Албанците ќе зависат од податоците собрани на пописот.

Реџепи, рече дека претседателот на Собранието Талат Џафери кажал дека АА и Алтернатива како опозиција го спречува гласањето за Законот за попис, на што спикерот рече дека тоа никогаш не го кажал.

„Јавно кажав дека албанската опозиција ќе го поддржи Законот и ќе го гласа. Ова е фактичката состојба", рече Џафери.

За Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите гласаа 62 пратеника, а според Бадинеровиот принцип, 29 пратеници од немакедонските етнички заедници гласаа за.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе