Џафери: Прво да заврши истрагата, па анкетна комисија за трагедијата во Тетово

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предлогот за формирање анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет. Анкетна комисија, според него, може да се формира откако ќе заврши работата на истражните и судските органи.

„Анкетната комисија не може да разгледа прашања коишто се во надлежност на истражните и судските органи. Вообичаено и претходните анкетни комисии како што беа за гостиварските настани и за Сопот се формирани постфестум. Според Деловникот, Собранието нема судски и истражни надлежности. Истрагата трае и кога ќе има заклучок од надлежните институции, тогаш може да се вклучи Собранието преку Анкетна комисија за да ги потврди или да ги отфрли наодите на овие органи“, изјави Џафери по денешната средба со медиумите.

По пожарот во модуларната болница во Тетово, опозицијата поднесе барање до Собранието за формирање на Анкетна комисија, но тоа беше вратено со образложение дека е неуредно бидејќи не било испратено со уставното име на државата.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе