ИНТЕРВЈУ ЗА МИА

Џафери: Пратениците на одмор од 4 август, на 6 август ќе ги распишам изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА кажа дека одморот на пратениците ќе почне од 4 август, а краен рок да ги распише локалните избори е 6 август.

„Одморот на пратениците ќе почне од 4 август, а има можност да почне и од 6 август затоа што засега нема никаква иницијатива во однос на локалните избори. И ако вака останат работите 6 август е краен рок да ги распишам локалните избори и со тоа да почнат да течат роковите и организацијата во однос на локалните избори и потоа би работеле до почетокот на предизборната кампања до 25 септември“, изјави Џафери.

Џафери кажа и дека дебатата за ребалансот на Буџетот ќе заврши до 3 август, кога ќе биде и изгласан ребалансот. Во меѓувреме, тој ќе свика продолжение на барем три заостанати седници, меѓу кои и онаа за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе