За Гласот на Америка

Џафери повика институциите професионално да ги истражат случувањата со СЈО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека институциите треба крајно професионално да ги истражат случувањата околу СЈО, но и дека е важно да се поддржи постоењето на Специјалното јавно обвинителство. 

„Јас сум еден од потписниците на постојниот Закон за СЈО и во тој контекст, како пратеник и сега како претседател на Собранието, немам дилема во однос на потребата од поддршка на такво законско решение. Веста ја добивме откако стигнавме во Вашингтон. Како парламентарец и претседател на Собранието, понатаму не би коментирал во однос на случувањата, бидејќи тоа е надлежност на соодветните институции, кои треба крајно професионално и принципелно да излезат со соодветно соопштение по сите наоди, и со тоа да ја информираат и јавноста и нас како институции. Сметам дека институциите треба да си ја вршат нивната работа онака како што налагаат прописите во државата“, рече Џафери во изјава за Гласот на Америка.

Според него, случајот со Јанева не може да го попречи патот кон НАТО, но, оти може да се одрази врз ЕУ процесот.

„Во однос на ЕУ може да има влијание, и позитивно и негативно, зависно од тоа како ќе се одвива овој процес. Во тој контекст сметам дека сите ќе бидат доблесни процесот да го водат професионално“, рече Џафери.

Од друга страна, вели тој, и граѓаните не треба да губат доверба во Европската Унија поради одложувањето на датумот за пристапни преговори.

Џафери смета дека поголемите закани за демократијата дома доаѓаат од внатрешни фактори, иако вели дека не треба да се игнорираат надворешните влијанија.

Џафери, заедно со потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска - Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се во Вашингтон на Форум во организација на Националниот демократски институт и УСАИД.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе