Џафери: Посебноста на секоја заедница поодделно е заштитен знак на нашата земја

Бескрајни се можностите за взаемна поддршка и соработка кога се работи за традиционално искрени и добри пријателства засновани на вистински вредности и чиј мост на поврзување се граѓаните од двете земји, таквите релации можат да бидат само посилни и се разбира во корист на граѓаните, порача претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во своето обраќање на Симпозиумот „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и Источна Европа".

Тој посочи дека му е чест што во негово име и од име на пратениците во Собранието има можност да го поздравам отворањето на овој значаен симпозиум на кој е присутне и претседател на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, како и да им го честита 21 декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија на нашите сограѓани припадници на турската заедница.

Сакам да нагласам дека богатството на мултиетничките општества е токму во богатството од јазици, култури, традиции и се разбира, вредности кои претставуваат идентитет и посебност на секоја заедница поодделно и се нејзин заштитен знак а во нашата земја, тоа се рефлектира на одличен начин, рече Џафери.

Собранието на Република Северна Македонија и Големото национално собрание на Република Турција, додаде, ги карактеризира плодна соработка и тоа, како на билатерално ниво, така и на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија каде што се членки двата законодавни дома.

Се надевам дека взаемните средби и посети на највисоко државно ниво ќе резултираат со договарање и склучување на уште стотина други договори кои се неопходната законска рамка за непречено одвивање на политичките, економските и сите други односи, при што, со задоволство ќе констатирам дека за пријателските, роднински и сите односи помеѓу обични те граѓани на двете земји, не траба ништо да се додаде, односно, врските се толку силни, историски, традиционални и топли, што можат да послужат за пример за сите држави во регионот, рече Џафери.

Потсети дека земајва е силно посветена на евроатланската интеграција и на промоцијата и споделувањето на заедничките вредности и одговорности на НАТО, како негова 30-та земја-членка.

На тој пат кој што набрзо ќе се круниса, сме имале безрезервна поддршка од сите земји членки и затоа, сакам да ја искористам оваа можност и присуството на колегата Шентоп и да изразам благодарност до турското Собрание за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, што е чин на искрена поддршка, а покрај тоа, ќе биде продолжување на соработката во полето на одбраната, потенцира Џафери.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе