Размислувања за осовременување на Собранискиот канал

Џафери посакува студио во Собранието - не ги сака репризите

Претседателот на Собранието Талат Џафери размислува за отворање на студио во зградата на законодавниот дом со цел истовремено да може да се врши пренос од пленарната седница и од работата на комисиите - да не се чекаат репризите од комисиите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека се потребни промени во работењето на Собранискиот канал и негова желба е да постои во зградата на парламентот студио.

„Идејата е да се има собраниско студио овде. Идејата е технологијата да се обнови и да се овозможи да се опремат салите каде што се одржуваат седници на комисиите, да може да добијат директен линк и да можат истовремено и пленарна седница и работа на комисиите да одат во директен пренос. Технологија би овозможила од повеќе места истовремен пренос и соодветен линк, а тоа би значело дека медиумот или граѓанинот, секој што сака да ја следи работата на Собранието, по сопствен избор, да следи тоа што сака или му е потребно - пленарна седница или работа на која било комисија која е во тек. Ако работат истовремено три или четири комисии, сите да одат во живо, онлајн, да не мора да се чека репризата", вели Џафери во интервјиу за МИА.

Џафери, кој ја спроведува тактиката еднаш - два пати во месецот да закажува гласање во парламентот поради проблемот со обезбедување кворум, но и поради тенкото мнозинство, вели дека треба да се обезбеди непречено функционирање на законодавниот дом. Според него, потребно е да се направат измени во Деловникот и дека епидемијата алармираше на тоа.

„Од првата координација што ја имав во овој мандат, размислувајќи гласно им ја соопштив на координаторите можноста да размислуваат за евентуално уредување, времено, на функционирање на Собранието во вонредни услови, работа којашто опозицијата легитимно има можност така и да размислува, ја сфати како неможност на мнозинството секогаш да обезбеди кворум и да може да ги одржи седниците и со тоа да се замени редовната работа со таа вонредна што во суштина не е целта на предложените измени. Знаете дека јас предложив измени во Деловникот. И моето размислување и мојот став и тогаш и сега и понатаму е дека Собранието е неопходно да обезбеди алтернативни услови времени за функционирање во такви ситуации можни и сегашни и идни, затоа што не е само пандемијата причина поради која може да се прогласи вонредна состојба. Уставот пропишува ситуации од елементарни непогоди и пандемии, односно епидемии. Имајќи предвид дека сме сега во пандемија, во иден период не посакувам, но како одговорна институција и како одговорна личност сметам дека ние навремено треба да имаме регулатива, процедури како би постапиле во такви услови", вели Џафери

Тој вели дека не е замрен дијалогот преку „Жан Моне" и дека во нареден период ќе се разговара за неколку точки:

„Сега сите овие двоумења што се појавија во практична примена на Деловникот и функционирање при новиот состав, ќе бидат дел од тие разговори. Ние дел од одредбите веќе ги имаме усогласено од претходниот мандат. Сега не би се враќал на тој дел. Сега за новите. На пример, конститутивна седница да има тек, почеток и крај. Да не биде отворена можноста да трае со денови конститутивната седница. Да се дефинира, на пример, точно кога ќе се смета дека Собранието е конституирано за да можат да почнат да течат роковите конкретно по она што произлегуваат за другите институции, примената на роковите и текот на работата по тие рокови. Има низа работи", вели спикерот Џафери.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе