Џафери: Поддржувам право на протест, осудувам хулиганство, насилство и омраза

Претседателот на Собранието Талат Џафери утрово на својот фејсбук профил објави три видеа за оштетувањата во Собранието од синоќешните протести и напиша дека го признава и поддржува правото на протести, но не поддржува насилство и поттикнување на омраза.

„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“, напиша Џафери на фејсбук.

Од Собранието информираат дека сѐ уште не се знае колкава е штетата и најавуваат дека дополнително ќе информираат за тоа.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе