Атина

Џафери побара од Тасулас побрза ратификација на меморандумите меѓу Скопје и Атина

Што поскора ратификација на меморандумите, со цел да бидат ставени во функција, побарал Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание на првата средба со неговиот колега од Грција Константинос Тасулас. Спикерот на грчкиот парламент најавил помош за Собранието на Македонија и во размена на искуства во процесот на евроинтеграција.

Во грчкиот парламент сѐ уште не се донесени ратификациите со кои се унапредува соработката со Македонија во повеќе области, вклучително и во делот на евроинтеграциите, укажал Џафери на денешната средба во Атина на маргините на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа во Атина.

Џафери, како што соопштија од неговиот кабинет, изразил задоволство што оваа прва средба со неговиот грчки колега се случува во Атина, во годината кога Грција прославува 200 години од почетокот на борбата за независност. Во однос на билатералната парламентарна соработка, Џафери го оценил постоењето на групите за соработка во законодавните дома на двете земји како одлична основа за развој на блиска комуникација и изразил надеж дека наскоро членовите на двете групи ќе остварат заедничка средба.

„Тасулас изразил големо задоволство од оваа, како што ја нарече, долго очекувана прва средба на ниво на претседатели на парламенти и истакнал дека ова потврдува дека односите меѓу двете држави напредуваат. Се согласил дека групите за соработка треба да ја воспостават и развиваат парламентарната соработка и конкретно, наместо нивното постоење да остане само на хартија, нагласи дека, грчкиот парламент ќе се потруди преку механизмите за соработка кои му се на располагање да му помогне на Собранието на Северна Македонија и во размена на искуства во процесот на  евроинтеграција.

Тасулас ја поздрави храброста на двете држави за решавање тешки прашања и истакна дека, по прифаќањето на Договорот од Преспа, тој мора да се почитува и внимателно да се чува. Притоа, му оддаде почит на претседателот Џафери за неговата лична посветеност и неговите напори за решавање крупни и тешки прашања. Поздравувајќи го чекорот на државата кон членството во НАТО, Тасулас изрази уверување дека следниот чекор за Северна Македонија ќе биде членството во Европската Унија и притоа ја повтори поддршката од Грција на процесот. Соговорниците разменија мислења за напорите кои како претседатели на парламенти ги прават со цел да се исполнат обврските и она што е договорено да биде спроведено во пракса. Ја потенцираа и меѓусебната доверба како резултат на што е и договорот и соработката меѓу двете страни за заштита на нашиот воздушен простор“, соопшти кабинетот на Џафери

Џафери упатил отворена покана до Тасулас да ја посети Македонија и да се обрати пред пратениците во македонското Собрание.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе