Џафери: Плаќаме патни трошоци за 100 пратеници, а на седница има 50, што мислите вие јас слама јадам (ВИДЕО)

Откако спикерот Талат Џафери ја продолжи со 32-та седница, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата, со што неможеше да се обезбеди кворум, а координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски побара да се почне со 36-тата седница, за, како што рече, да се изгласа економскиот пакет помош за граѓаните и стопанството.

„За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки,ве молиме констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36-тата седница", рече Мицевски.

Талат Џафери видно изнервиран  му одговори.

„Јас тука зборувам за процедура, не за желба. Одбивавте да бидете во Собранието на два пати. Имаме изолирани пратеници. И 25 март до сега не одржавте комисија за финансирање и буџет, и тука мене ми зборувате дека јас го кочам донесувањето на мерките. Тоа е срамота. Што мислите вие, дека јас јадам слама тука. Не водам кладилница, државна институција водам. Вие поднесовте 2.000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ми тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите. 101 пратеник се потпишани, влезете да се донесат одлуките и работете", изјави Џафери.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе