По скандалот со кокаинот или маслото од канабис

Џафери: Нема основ за каква било постапка против пратеникот Павле Богоевски

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка", се вели во изјавата на претседателот Талат Џафери, претседателот на Собранието во врска со скандалот за наводната употреба на кокаин на пратеникот Павле Богоевски. Џафери вели дека очекува надлежните институции да постапат по овој случај и ефикасно и целосно да го расчистат.

Сѐ почна пред два дена кога „Илија Громовник“ повторно објави аудио снимка на руската социјална мрежа В контакте, од која се слуша како наводно пратеникот Богоевски нарачува два грама кокаин за 2.500 денари.

Богоевски ја призна автентичноста на неговиот глас и додаде дека нарачувал масло од канабис за медицинска употреба на нему близок човек. Тој додаде дека снимката била направена од таксист кога тој ја извршил нарачката преку телефон.

Сето ова деновиве предизвика бура од реакции по социјални мрежи, на адвокати, новинари, политичари и други јавни личности кои се сведуваат на барање оставка на пратеникот Богоевски, поддршка за него, до казна за таксистот.  

На пратеникот Павле Богоевски му се заканува минимум една година затворска казна со тоа што потврди дека му овозможил на друг да користи дрога, вели адвокатот Александар Тортевски. Богоевски денеска треба да се јави во Јавното обвинителство откако синоќа самоиницијативно се пријави во полициска станица, вели Тортевски и додава дека обвинителството има основ да покрене постапка со тоа што Богоевски призна дека набавувал масло од канабис.

Од снимката не се слуша дали се работи за нарачка на кокаин или масло од канабис. Но се слуша „пола“ - пола грам, пола кубик, пола доза...

Богоевски изјави дека снимката била направена пред неколку месеци и дека е сигурен дека такситот го снимил додека разговарал на телефон.

„Илија Громовник“ досега објавил неколку аудио снимки кои очигледно е дека не се дел од „бомбите“ на СЈО.

Од реакциите по социјалните мрежи се дозна дека масло од канабис се нарачува најмалку еден кубик, а не пола (грам). „Спреми ми полче“ и цената од 2.500 денари се вокабулар кој се користи за набавка на кокаин или хероин, а не за масло од канабис кое и легално може да се најде во аптеките, реагираат по социјалните мрежи. Еден од коментарите беше дека „револуцијата ги шмрка своите деца“! 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе