Има иницијатива, ама не ја видел

Џафери не сака пратениците по мандатот да мешаат по контејнери

Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да буричка по контејнери, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери во дускусија со новинарите, во врска со иницијативата за закон за пратенички привилегии.

За време на брифингот со претставниците на медиумите, Џафери не негираше дека постои иницијативата, но не сакаше да коментира додека не го видел текстот на законот.

„Идеја како идеја може да постои, може да ја даде кој било пратеник, но кај мене нема пристигнато текст или драфт-верзија на закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам“, рече Џафери по завршувањето на брифингот.

Според него, во многу земји во светот со законско решение бил уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.

„И во тие држави има невработени, социјалци, бездомници, не само кај нас. Но сите проблеми се уредуваат со закон“, рече тој.

Џафери најави и дека ќе свика седница на 9 јануари на која ќе се раправа по амандманите за уставни измени согласно со договорот од Преспа. Очекува да се изгласаат и процесот да заврши до 15 јануари.

„Седницата за уставните измени е свикана за 9 јануари. Очекувањата се до 15 јануари да биде завршена целата постапка и да бидат усвоени амандманите. Ако се раководиме од искуството дебатата  не би требало да трае повеќе од пет-шест дена. Но, онака како што е најавено, неприсуството на опозицијата остава можност и таа да заврши и побрзо. Во секој случај тоа прашање ќе биде затворено до средината на јануари. Со тоа се отвора патот двата закони да одат во службен весник“, изјави Џафери.

Во врска со одбивањето на Иванов да ги потпише овие два закони, Џафери вели дека тој има обврска тоа да го направи, бидејќи, како што рече, волјата на Собранието не може да се попречи и тоа ќе се реализира.

„Тоа ќе се случи кога ќе ги пратам во Службен весник. Мој потис има. Тоа е одлука“, изјави тој.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со идејата за избор на претседател на државата во  Собранието, тој истакна дека тоа е опција за која мислење јавно изнесуваат одредени политички партии, но дека за тоа би било потребно повторно отворање на Уставот.

„Одредени партии неспорно размислуваат и гласно си кажуваат ставови за можностите, но, за да се реализира таа идеа треба нова постапка за уставни измени. Во секој случај сега за сега останува уставното решение претседателот да се бира директно на избори“, рече Џафери.

Тој смета дека Собранието успеало да ги исполни очекувањата и да ги реализира активностите во од негова надлежност во законодавната смисла.

„Мислам дека Собранието ги исполни очекувањата за оваа година и воглавно сите битни прашања ги има завршено во соодветно време. Македонското Собрание успеа да си го оправда својата работа и да  ги оправда очекувањата на граѓаните по однос на тоа.Впрочем и анкетите кои се направени од соодветни институции покажува дека Собранието соодветно било оценето“, рече Џафери.

Фото: МИА

 

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе