Собрание

Џафери не дозволи Мицкоски да се обрати во парламентот

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на денешното второ продолжение на собраниската седница на која се расправа за предлогот за уставни измени побара на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да му се овозможи да се обрати од собраниската говорница пред пратениците и граѓаните.

Данев во процедурална забелешка го прочита барањето од ВМРО-ДПМНЕ доставено до претседателот на Собранието за да му се овозможи на Мицковски да се обрати од собраниската говорница.

На ова претседателот на Собранието Талат Џафери, повикувајќи се на Деловникот за работа, посочи дека нема деловничка можност да го овозможи тоа.

„Тоа не е до мојата волја. Нема услов и по кој основ би го поканил Христијан Мицкоски да учествува во работата, рече Џафери“, додавајќи дека не добил барање од никого. 

Според Данев, и во минатото имало пракса да им се дозволи на одредени личности да се обратат во Собранието. 

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе