Џафери нареди да се провери дали хакери целат врз собранискиот ИТ - систем

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешната собраниска седница информира дека утре и во понеделник ќе се спроведе техничка контрола на ИТ инфраструктурата на Собранието, со оглед на трендот на можни кибер напади. Тој наведе дека превентивно експерти ќе вршат проверка на ИТ системот. 

Некој ден ќе се може и без компјутер во Собранието

Дали можеби сајтот на Собранието на Македонија и целокупниот информатички систем во парламентот е цел на хакерски напади и дали се доволно заштитени архивата и доверливите податоци од несакани гости, ќе треба да покаже стручната истрага која ќе се  спроведува наредните денови.

Загриженоста се зголеми во последните недели откако хакерски групи влегоа во сајтот на Министерството за образование и наука и во информатичкиот систем на Министерството за земјоделство. Индиции се чини дека има и за напади и врз други државни системи.

Сајтот на МОН  веќе две недели е исклучен поради хакерскиот напад од 9 септември, а во истовреме хакери го онеспособија внатрешното функционирање на Министерството за земјоделство, каде дури и службените мејлови не се во функција, а станува збор за рансвер напад, односно за барање за откуп.

Случаите се пријавени, но со денови се работи на оспособувањето, на изработка на дополнителна заштита, а сајтот на МОН ќе биде поставен на нова платформа.

Цел на хакерски напад од поголеми размери годинава беше и сајтот на Народната банка, но не беше предизвикана никаква штета врз податоците, ниту беше влезено внатре во системот. И од МОН велат дека последниот напад врз нивниот сајт не предизвикал штета бидејќи сајтот не содржи заднински податоци.

Цел на вакви напади со поголеми размери се инситуциите во Албанија, каде премиерот Еди Рама го обвини Иран, по што беа прекинати дипломатските односи со Техеран. На напади се изложени и сајтовите во Косово. И во светот ваквите напади се интензивираат, а политичарите сето тоа го доведуваат во врска со руско-украинската војна и обидите на Русија, Кина па и Северна Кореја да нанесат штети на безбедноста и економијата на државите од НАТО.

П.Џ.

 

Легенда под Главна слика

Некој ден ќе се може и без компјутер во Собранието

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе