Џафери на проштална средба со амбасадорката Брнз

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет, ја прими на проштална средба амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнз.

На средбата, претседателот Џафери и се заблагодари на амбасадорката Брнз за нејзината значајна улога во унапредувањето на политичките процеси во земјата, како и за силната поддршка на процесот на интеграција во НАТО и ЕУ во текот на нејзиниот мандат, истакнувајќи дека Република Македонија и САД негуваат извонредни билатерални односи.

Амбасадорката Брнз истакна дека во текот на нејзиното извршување на функцијата беа донесени неколку клучни одлуки во земјата и се случи и историскиот настан, како што е членството во НАТО. Таа изрази задоволство од можноста да биде дел од прогресот на земјата во целина и на Собранието. При тоа, го оцени како мошне успешно водството на Собранието од страна на претседателот Џафери и неговите напори да го подигне значењето на Собранието како законодавна власт и да ја зацврсти неговата независност. Брнз додаде дека сите се импресионирани од постигнувањата на Република Македонија и нејзините перформанси како членка во НАТО.

На средбата, претседателот Џафери и врачи на амбасадорката Брнз признание за нејзиниот целокупен придонес и и посака успех во нејзините идни професионални предизвици.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе