Џафери на Парламентарно собрание на НАТО во Канада

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, заедно со потпретседателот Весел Мемеди и пратениците Илија Димовски и Катерина Кузманоска, од денеска до 19 ноември ќе учествува на 64. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада.

На Сесијата Џафери ќе има обраќање, а можни се и средби нa маргините на настанот.

Во рамки на посетата во Канада, Џафери ќе има и средба, како и обраќање пред Албанската католичка заедница „Благословена Мајка Тереза“ во Торонто.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе