Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. Во парламентарната делегација се и потпретседателката на Собранието, Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, дводневниот Парламентарен форум за лидерство е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата. Исто така, во рамките на форумот, Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Република Северна Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе