Во Санкт Петербург

Џафери: Македонија гради вистинско мултикултурно и мултиетничко општество

Мојата држава, Република Македонија, гради вистинско мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество во кое преку инклузивноста на различностите, создаваме услови за економски, социјален и културен развој на секој поединец и на секоја етничка заедница, рече во своето обраќање претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ја предводи парламентарната делегација на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Санкт Петербург.

Џафери рече дека со помош на меѓународните пријатели и дијалог во 2001 година Македонија успеала да избегне поголеми воени судири меѓу двете најголеми етнички заедници и оти токму нетолератноста и обидите за наметнување на ексклузивност на една етничка заедница врз друга довеле до ширење на верска нетрпеливост и големи воени судири во земјите од Западен Балкан.  

„И да разјаснам, таа ексклузивност и таа, најблаго речена нетолерантност кон другиот, кон различниот, не се врзуваше за одредена етничка заедница туку за конкретни политички елити. Сепак, убеден сум дека сите ние, во рамките на своите држави, а и на ниво на регион, научивме дека различноста, културна, етничка, јазична или верска, треба да се почитува и потребна е целосна инклузивност ако сакаме да обезбедиме стабилност и развој на секоја држава поединечно и на регионот во целост“, рече Џафери.

Токму за таа цел, додаде тој, Македонија во последната декада организираше неколку меѓународни конференции посветени на меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Џафери во својот говор предупреди дека мигрантската криза предизвикана од воените судири на Блискиот Исток и делувањето на таканаречената Исламска држава, претставуваат многу сериозни предизвици кои ја потхрануваат интолеранцијата, ксенофобијата и појавата на екстремизам.

„Сега е моментот кога ни е најпотребен дијалог и соработка, за да можеме успешно да се справиме со овие предизвици. Во тој дијалог и соработка треба да бидат вклучени сите национални и меѓународни институции, како и невладиниот сектор, доколку навистина сакаме успешно да се справиме со овие предизвици а притоа, почитувајќи ги принципите и стандардите на човековите права и слободи“, истакна Џафери во Санкт Петербург. 

 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе