Седница на Собранието за избор на нова Влада

Џафери: Ќе се гласа во скафандери, ако е потребно

Како дообјаснување по серија пратенички дискусии, претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери рече дека доколку е потребно и денеска ќе биде овозможено гласање на пратеници во скафандери, ако некој има позитивен резултат на ковид-19. „Имаме не само судска одлука по кривичната пријава поднесена од 'Фидел Кастро' (Димитар Апасиев, н.з.), туку имавме допис од Комисијата за заразни болести во кој е наведено како може да се влезе и учествува во работата на Собранието доколку е некој позитивен на заразата“, рече Џафери.

Џафери рече дека како претседател на Законодавниот дом е должен да даде објаснување за ова прашање, откако повеќемина пратеници во своите дискусии меѓусебно се обвинуваа за гласање во скафандери во претходните месеци.

Последен пред Џафери да земе збор, реагираше пратеникот Никола Мицевски кој и самиот кон крајот на минатата година беше позитивен на ковид-19 и гласаше во скафандер за паѓање на Владата на Заев.

„Точно е тоа, гласавме во скафандери. Но, тоа го направивме откако веќе тоа го сторија пратеници од СДСМ и ДОМ. Нашата кривична пријава против Џафери не помина во судот, па нашето гласање во скафандери беше врз основа на веќе востановена судска пракса“, рече Мицевски.

Џафери потоа рече дека неговиот став не е врз основа на судска пракса, туку на дописот од Комисијата за заразни болести.

„Ако треба во интерес на државата пратениците ќе работат дури и во воени или вонредни услови, така  е и по Устав и по закон. Ако е потребно и во скафандери. Работиме за државата“, рече Џафери.

П.Џ. 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе